Германија најави дека ќе обезбеди до 500 милиони долари за набавка на американска воена опрема за Украина, јави германската новинска агенција ДПА.
Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи во соопштението од 13 август наведоа дека помошта ќе се координира преку НАТО-механизмот „Листа на приоритетни потреби на Украина“.
НАТО го надгледува доставувањето на оружјето за Украина купено во САД, а финансирањето доаѓа од европските партнери и Канада.
„Германија е најголемиот европски донатор на воена помош за Украина, а оваа најава уште еднаш ја потврдува нејзината посветеност за одбрана на слободата и суверенитетот на украинскиот народ“, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте синоќа.
Видете и ова: Зеленски и европските лидери ќе разговараат со Трамп пред неговата средба со ПутинСпоред НАТО, помошта ќе опфати воена опрема која или не може да се произведе во Европа или може да се испорача побрзо од САД отколку од европските сојузници или Канада.