Германија нема да одобри никаков извоз на воена опрема што би можела да се користи во Газа „до понатамошно известување“, објави канцеларот Фридрих Мерц на 8 авгус. Ова е пвиот одговор на еден од најсилните меѓународни поддржувачи на Израел по одлуката соопштена од кабинетот на израескиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја преземе контролата врз Газа.
Нетанјаху претходно изјави дека сака да го преземе целиот Појас Газа - одобрениот план конкретно се фокусира на градот Газа, најголемиот град во енклавата.
Видете и ова: Израел одобри план за целосна окупација на градот Газа и „завршување на војната“Во соопштението, Мерц нагласи дека Израел „има право да се брани од теророт на Хамас“ и рече дека ослободувањето на израелските заложници и целните преговори за прекин на огнот во 22-месечниот конфликт „се наш врвен приоритет“. Тој рече дека Хамас не смее да има улога во иднината на Газа.
„Уште построгата воена акција на израелската армија во Појасот Газа, одобрена од израелскиот кабинет синоќа, ѝ отежнува на германската влада да види како ќе се постигнат овие цели. Под овие околности, германската влада нема да одобри никаков извоз на воена опрема што би можела да се користи во Појасот Газа до понатамошно известување“, додаде тој.
Не беше веднаш јасно која воена опрема од Германија ќе биде засегната, јавува новинската агенција Асошиетет прес.
Германската влада останува длабоко загрижена за страдањето на цивилите во Газа, рече Мерц.
„Со планираната офанзива, израелската влада носи уште поголема одговорност од порано за обезбедување на нивните потреби“, рече Мерц.
Видете и ова: OН: Израел мора што поскоро да го запре планот за целосна контрола на ГазаТој го повика Израел да дозволи сеопфатен пристап за испораките на помош, вклучително и за организациите на ОН и други невладини организации - и рече дека Израел „мора да продолжи сеопфатно и одржливо да се справува со хуманитарната ситуација во Газа.“
Мерц, исто така, ја повика израелската влада „да не презема никакви понатамошни чекори кон анексирање на Западниот Брег“.
Овој потег има посебна тежина бидејќи Германија се смета за еден од најсилните поддржувачи на Израел, веројатно надминат само од Соединетите Држави.
Владата на Мерц не се придружи на најавите на претседателот Емануел Макрон на клучниот германски сојузник Франција и на британскиот Кир Стармер дека планираат формално да ја признаат палестинската држава во септември.
Германија со децении одржува силно произраелски став, главно поради нејзината историска одговорност за Холокаустот, кој ја обликуваше нејзината повоена надворешна политика околу обезбедувањето на безбедноста на Израел и борбата против антисемитизмот, јавива новинската агенција Асошиетет прес.