Украинските сили продолжија да ја таргетираат воената инфраструктура длабоко во Русија рано наутро на 3 август, продолжувајќи го притисокот врз Кремљ неколку дена пред рокот што американскиот претседател Доналд Трамп ѝ го даде на Москва да прифати мировен договор со Киев.
Руските власти во црноморското одморалиште Сочи соопштија дека украинските беспилотни летала погодиле и запалиле регионално складиште за нафта, а повеќе од 120 пожарникари се борат да ги контролираат пламените јазици во населбата Адлер во градот.
Руските воздухопловни власти соопштија дека летовите на аеродромот во Сочи се запрени поради нападот со беспилотно летало, најновиот во низата неодамнешни мерки, бидејќи украинските напади го нарушуваат цивилното воздухопловство во Русија.
Видете и ова: Украина ја таргетира руската инфраструктура во нов бран напади со беспилотни леталаРуските аеродроми честопати се принудени да ги сопрат летовите низ западен дел од земјата. Сочи, град со околу 455.000 жители, е 1.360 километри јужно од Москва и околу 1.000 километри од украинската граница.
Гувернерот на рускиот Воронежски регион, Александар Гусев, изјави дека „како резултат на падот на остатоците од дронот имало пожари во голем број приватни куќи и помошни згради, а неколку возила биле оштетени“.
„Опасноста од напад со беспилотни летала низ целиот регион останува“, напиша тој на социјалната платформа Телеграм.
Киев не коментираше веднаш за извештаите за нападите, кои не можеа веднаш да бидат потврдени.
Но, извештаите доаѓаат во време кога Украина се чини дека ги засилува нападите со беспилотни летала длабоко во Русија во време кога Трамп врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на прекин на огнот и крај на војната, која сега е во четвртата година.
Трамп на 1 август изјави дека распоредува нуклеарни подморници „поблиску до Русија“, иако не прецизираше дали станува збор за подморници со нуклеарен погон или нуклеарно вооружени подморници.
„Само сакам да бидам сигурен дека неговите зборови се само зборови и ништо повеќе од тоа“, изјави Трамп за телевизијата Newsmax.
Тој се осврна на објавата на социјалните мрежи од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во која го обвини Вашингтон дека игра „игра на ултиматуми“ како одговор на објавата на Трамп дека го скратил рокот од 50 дена за Кремљ да прифати прекин на огнот на 10 дена - сугерирајќи датум на 8 август.