Две куќи се опожарени, а еден човек е повреде при пожарот кој избил во скопската населба Лисиче во Општина Аеродром. Пожарот настанал доцна во ноќта во една од бараките и се проширил кон покривот на соседната, објаснуваат од Министерството за внатрешни работи.
„На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С.(61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57)“, прецизираа од МВР.
Видете и ова: Пожарникарите од Словенија ќе останат овде уште седум денаПожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Шеесет годишниот сопственик на изгорената куќа се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.