Тинејџерот Гаврил и пензионерот Гидо – волонтери на Европскиот младински олимписки фестивал

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Меѓу тинејџерот Гаврил и пензионерот Гидо има голема разлика во години, но тие прифатиле ист предизвик – да бидат едни од 700-те волонтери од Европа и светот кои се сретнаа на Европскиот младински олимписки фестивал во Македонија. Oколу патеката за кајак на Матка едниот собираше и селектираше отпадоци, а другиот носеше вода и резултати по трките.