Повеќе оддели во рамки на МВР-организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а поврзани со бесправни градби, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во насока на обезбедување докази за бесправна градба, Тошковски посочи дека е влезено во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода.
„Не би можел да споделам во овој момент информации во врска со обезбедна документација, но сакам да напоменам дека ова се тековни активности на МВР. Ова не е сега јавноста има интерес за конкретната тема и МВР постапува, туку ова се тековни активности по коишто постапуваме секојдневно“, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандум за соработка со Црвениот крст.
Видете и ова: Чаирската романтика растегната меѓу криминал и политикаТошковски истакна дека мора да се постапи согласно закон и доколку се утврди дека станува збор за дивоградба и престатвува ризик за безбедноста на граѓаните, истата ќе биде предмет на уривање.
Прашан дали МВР постапува по пријавите од градоначалничката Данела Арсовска, Тошковски рече МВР постапува во сите предмети во кои добива наредба од Јавното обвинителство или каде имаат соодветни информации и самите преземаат одредени дејствија.
„Ова не го говорам заради тоа што е поврзано со темата, која се наметнува во јавноста во последнио период, ова го говорам затоа што е тековна активност на МВР во континуитет. За разлика од претходно предметите не се ставаат во фиоки, туку напротив континуирано и активно се работи и се преземаат дејствија. Факт е дека градоначалничката се што има собрано како доказен материјал го доствува до Јавното обвинителство за организиран криминал и така треба. Јавното обвинителство постапува и дава наредби до МВР, а кое постапува согласно конкретни наредби од јавен обвинител и така треба да функционира едно нормално општество. Секој треба да си ја работи својата работа во рамки на делокругот на работење“, изјави Тошковски.
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на 31 мај достави документи за незаконски легализации на дивоградби во Обвинителството, а на 27 јуни до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) достави докази за нови, како што рече, криминални легализации од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Видете и ова: Куќниот, заменет со затворски притвор за осомничениот за нападот врз АрсовскаТаа неодамна беше физички нападната во Општина Чаир, додека вршела увид на терен, на локација каде што се гради дивоградба спроти Полициската станица Чаир. МВР поднесе кривични пријави против две лица кои физички ја нападнале градоначалничката, а Обвинителството поведе постапка и побара притвор за првоосомничениот и мерки за претпазливост за другото лице.
По овој инцидент, Арсовска доби 24 часовно полициско обезбедување.