Американскиот Сенат, во кој мнозинството го контролираат републиканците, го усвои големиот закон на Доналд Трамп за намалување на даноците и трошоците, наречен „Големиот прекрасен закон“.
Потпретседателот Џej Ди Венс го даде одлучувачкиот глас, усвојувајќи го законот откако сенаторите беа изедначени во гласовите 50-50.
Предлог-законот сега се враќа во Претставничкиот дом за конечно одобрување.
Претставничкиот дом, кој исто така е контролиран од републиканско мнозинство, го одобри законот минатата недела и го испрати до Сенатот, но откако Сенатот го измени законот, Претставничкиот дом мора повторно да го одобри.
Доналд Трамп побара од пратениците да го усвојат законот и да му го испратат на потпис до Денот на независноста, 4 јули.
Американскиот претседател нагласува дека Конгресот мора да го одобри овој закон за да се постигнат посакуваните цели за она што тој го нарекува „Да ја направиме Америка повторно голема“.
Законот вклучува огромен пакет мерки што би ги спровеле многу од главните домашни приоритети на Трамп, а воедно би додал 3,3 милијарди долари на националниот долг, според Ројтерс.
Видете и ова: Сенатот го отфрли предлогот за ограничување на овластувањата на Трамп за воена акција против ИранРепубликанците имаа тежок пат да го усвојат законот од 940 страници во Конгресот, кој го контролираат со кревко мнозинство.
Со оглед на тоа што демократите беа убедливо против, републиканците имаа само три гласа повеќе во Сенатот додека преговараа за специфични даночни олеснувања и политики за здравствена заштита што би можеле да направат голема разлика и да остават милиони луѓе без здравствено осигурување.
На крајот, тројца републикански сенатори гласаа против законот, а по нерешен резултат 50-50, според законот, потпретседателот на Соединетите Држави го даде одлучувачкиот глас во корист на него, со што законот беше усвоен во Сенатот.
Потпретседателот се смета и за претседател на Сенатот и има право да гласа во него.
Гласањето во Претставничкиот дом, каде што републиканците имаат мнозинство од 220 наспроти 212 демократи, веројатно ќе биде конкурентно и тесно, објави Ројтерс.