Киев прими тела на најмалку 20 руски војници, наместо на украински, во текот на неодамнешната размена на загинати во војната со Москва – изјави претседателост Володомир Зеленски, обвинувајќи ја Русија дека „не проверува кого праќа“.
„Нам ни дадоа мртви тела на свои граѓани. Тоа е нивниот став кон војната, кон своите војници. И тоа е веќе документирано. Понекогаш овие тела дури имаат и руски пасоши“, истакна Зеленски,
Тој посочи дека руската страна инсистирала дека сите загинати се Украинци.
Зеленски разговараше со новинарите во Киев на 20 јуни, покажувајќи им руски пасош и лична карта за кои украинските власти сметаат дека му припаѓаат на еден од дваесетмината загинати Руси.
Видете и ова: Путин тврди дека е подготвен за разговори за прекин на огнот во УкраинаСпоред надлежните, човекот бил од околината на Москва, но тие не го открија неговиот идентитет.
Репатријациите беа спроведени по двете рунди директни мировни преговори во Истанбул на почетокот на јуни, кои резултираа со договор за враќање на затвореници и тела на загинати, но не донесоа видлив напредок во заокружувањето на руската војна против Украина.
За време на втората рунда преговори, Украина и Русија се согласија да разменат тела на по 6000 војници. Меѓутоа, Киев изрази загриженост дека бројот е преголем и дека немало доволно време за форензички прегледи и проверка на идентитетот на загинатите.
Десетина илјади војници беа убиени на двете страни од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022. Ниту една од двете земји не објавува редовни информации за воените жртви.
Украина бара поддршка од Западот за зголемување на производството на оружје. Зеленски исто така, изјави дека Украина почнала да користи домашни дронови-пресретнувачи за да се спротивстави на руските дронови. При тоа, побара од западните сојузници на Украина да издвојат 0,25 проценти од својот бруто домашен производ (БДП) за да му помогнат на Киев да го зголеми производството на оружје.
Видете и ова: Лидерите на групата Г7 не успеаја да постигнат амбициозни договори за клучни прашањаТој додаде и дека Украина преговарала со Данска, Норвешка, Германија, Канада, Велика Британија и Литванија за отпочнување на заедничко производство на оружје.
„Украина е дел од европската безбедносна мрежа и сакаме 0,25 проценти од бруто домашниот производ на одредени земји да се издвои за нашата одбранбена индустрија и домашното производство“, исткна Зеленски.
Тој посочи дека Украина оваа година обезбедила 43 милијарди долари за финансирање на домашното производство на оружје.
Шефовите на државите членки на НАТО ќе имаат средба на претстојниот самит во Хаг идната недела за да разговараат за поголеми издатоци за одбраната.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте предложи секоја земја да потроши пет проценти од својот БДП за одбранбени и безбедносни мерки.