Работнички 1 Мај: Протестираме за плата
Протестираме за плата е главната парола на овогодинешниот првомајски протест на ССМ
Протестот почна од Работничкиот дом, продолжи пред Собранието и заврши пред Владата
Барањата на работниците се зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра
Долж маршрутата на протестниот марш голем број граѓани со транспаренти се придружуваа на протестната колона
Пред Собранието беа пренесени работничките барања за почитување на колективните договори и зголемување на платите на вработените согласно придобивките од колективните договори