Францускиот претседател Емануел Макрон на 13 април изјави дека се потребни „силни мерки“ за да се принуди Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина, по крвавиот напад на руските сили врз градот Суми.
Видете и ова: Најмалку 30 луѓе загинаа во руски напад врз украинскиот град Суми„Сите знаат: оваа војна ја започна самата Русија“, напиша Макрон на социјалната мрежа Х на 13 април.
„Дури и денес е јасно дека самата Русија избира да го продолжи ова – со јасно непочитување на човечките животи, меѓународното право и дипломатските напори на претседателот (Доналд) Трамп“, изјави Макрон, јавува новинската агенција Франс прес.
„Потребни се силни мерки за да се наметне прекин на огнот на Русија“, рече Макрон, додавајќи дека нападот предизвикал „бројни цивилни жртви, вклучително и деца“.
Во рускиот ракетен напад врз центарот на Суми, најмалку 32 лица загинаа, а 99 се ранети, соопшти Украина, додавајќи дека меѓу жртвите има и деца.