Најмалку седум луѓе загинаа при израелски воздушен напад врз автомобил во центарот на Појасот Газа, јавуваа германската новинска агенција ДПА повикувајќи се на на палестински медицински извори.
Инцидентот се случил во градот Деир ал Балах, велат тие. Првично не беше објавен идентитетот на жртвите. На прашањето, израелската војска рече дека го истражува извештајот.
Информациите од Појасот Газа првично не можеа да бидат независно проверени.
Видете и ова: Израелската армија ги призна грешките во инцидентот во кој загинаа 15 медицински лица во ГазаИзраел ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, по пропаѓањето на прекинот на огнот, кој главно се одржуваше два месеци.
Војната во Газа избувна на 7 октомври 2023 година, кога исламистичката милитантна група Хамас и други фракции го нападнаа Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи околу 250.
Како одговор, Израел започна голема воена кампања на Појасот Газа.
Според Палестинците, повеќе од 50.000 луѓе се убиени во Газа од почетокот на конфликтот.
Иако бројките не прават разлика меѓу цивили и борци, организациите за човекови права изразија тревога поради големиот број жени и деца меѓу жртвите.