Се проширува истрагата за откривање на причините кои доведоа до пожарот во дискитеката „Пулс“ во Кочани при кој загинаа 59 млади луѓе, а двајца подоцна им подлегнаа на повредите. Според соопштението од Јавното обвинителство, во тек е акција за приведување на повеќе лица, со цел проширување на истрагата.
Детали околу приведеувањето на новите лица од институциите засега нема, но дел од медиумите повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи пишуваат дека на информативни разговори во полициски станици биле повикани и актуелниот министер без ресор кој од 2008-мата до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Според нивните информации повикан на инфомативен реазговор е наследникот на Салиу Аднан Џаферовски и актуелниот директор Џеват Селами.
Видете и ова: Тивко „пулсира“ истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во КочаниСпоред информациите од ТВ 21 во проширеанат истрага се опфатени поранешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини, како и поранешниот директор на пазарен инспекторат Виктор Дерменџиев.
Претходно на 11 април Основното јавно обвинителство Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување - притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.
Како што се наведува во соопштението, само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката.
Последните информации од Обвинителството беа дека со истрагата се опфатени 34 луѓе, но за едно лице постапката е стопирана бидејќи почина.
Тоа е управителот на фирмата „ММММ кафе доел Кочани“ која управувала со дискотеката. Александар Карадакоски, всушност бил само фиктивен управител, а работел како шанкер во дискотеката. Тој е 60 тата жртва и почина на 4 април додека се лекуваше во Литванија.
Меѓу осомничените се и актуелниот градоначалник Љупчо Папазов, и двајца поранешни Ратко Димитриевски и Николчо Илијев. Двајцата се во домашен притвор, додека Папазов е во затвор.
Под истрага и во притвор е и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како поранешен државен секретар, раководител, службено лице, помлад соработник во Министерството.
Осомничени се и поранешен директор на Пазарен инспекторат и инспектори. Меѓу осомничените е и сопственичката на фирмата која дала елаборат за употреба на објектот како дискотека, сопственикот на дискотеката кој е во притвор и неговиот син кој е на болничко лекување.