Земјите членки на Европската унија (ЕУ) ги одобрија првичните одмазднички тарифи од 10 до 25 отсто за увозот од Соединетите Американски Држави (САД), кои според Европската комисија ќе стапат на сила следната недела, јави агенцијата ДПА.
Ова вклучува специјални давачки за артикли како фармерки и мотоцикли од САД, додека виски и другите алкохолни пијалоци произведени во САД беа отстранети од предложената листа на комисијата.
Дополнителни контра-царини треба да бидат воведени на средината на мај и на крајот на 2025 година, што ќе влијаат на производи како говедско месо, живина и цитрусно овошје. Царини за јаткасти плодови и за сојата се планирани за почетокот на декември, пренесе ДПА.
Видете и ова: Стапија во сила царините на Трамп продлабочувајќи ја трговската војнаЦарините од ЕУ се одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум воведени пред околу еден месец.
Според пресметките на ЕУ, мерките на САД влијаат на извозот во вредност од 26 милијарди евра (28,8 милијарди долари). Мерките што ги наметнува Брисел се насочени кон стоки во вредност од приближно 21 милијарда евра.
Сè уште се работи на дополнителен пакет мерки како одговор на царините за автомобили и речиси сите други извози од ЕУ во САД неодамна објавени од американскиот претседател Доналд Трамп.
Царинската политика на Трамп има за цел да ги исправи наводнита трговска нерамнотежа и да го префрли производството во САД, истовремено делумно неутрализирајќи ги даночните намалувања ветени за време на неговата изборна кампања, пренесе ДПА.