Соединетите Американски Држави од утре (9 април) ќе воведат царини од 104 отсто за кинеските производи.
Трамп минатата седмица најави дека неговите нови царински мерки најавени од јануари, од 9 април ќе изнесуваат 54 проценти на кинеските производи и се закани дека ќе бидат зголемени на дополнителни 50 проценти ако Кина возврати.
Пекинг одлучи да воведе царини од 34 отсто на американските производи. Кинескиот премиер, Ли Кечијанг претходно денеска изјави дека неговата земја има доволно „алатки" за да ги надмине економските турбуленции предизвикани од трговската војна на САД.
Видете и ова: Земјотресот со американските царини индиректно ќе ја погоди македонската економија„Макроекономската политика на Кина оваа година целосно ги зема предвид различните неизвесности и има доволно политички алатки во резерва“, рече Ли во телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Ли додаде дека Кина „целосно е способна да ги надомести негативните надворешни ефекти и дека е уверена во одржување на здрав економски развој“.
Телефонскиот разговор беше воден среде заострување на тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон.
Ли во разговорот со Фон дер Лајен ги осуди „протекционизмот и економското заплашување“ на САД откако беа воведени царини за речиси сите земји во светот.
„Цврстите кинески мерки не се насочени само кон зачувување на нејзиниот суверинитет, сигурност и развој, туку и на зачувување на правилата на меѓународната трговија и меѓународната правичност и правда“, рече кинескиот премиер.
Претседателката на ЕК повика на „избегнување на ескалација“, наведе ЕУ.