Во медицинските центри во странство во моментов се лекуваат 68 од повредените во пожарот во кочанската дискотека. Еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана, а неговиот медицински третман го продолжува во друга држава, каде има здравствено осигурување, информираат попладнево од Министерството за здравство.
„Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти“, се наведува во соопштението.
Видете и ова: Чибишев: Европски држави нудат помош за рехабилитација на повредените во КочаниВо државава, шестмина пациенти се лекуваат во хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, двајца на Клиниката за токсикологија, еден пациент на Клиниката за пластична хирургија. Двајца пациенти се лекуваат во „Систина“, според податоците на Министерството.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.