Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик најави дека на 5 април на седница на Владата на овој босански ентитет ќе побара РС да испрати барање за вклучување во воениот договор со Србија и Унгарија.
„Република Српска никогаш не смее да прифати да биде дел од НАТО алијансата. Утре имаме проширена седница на Владата и ќе побараме да се вклучиме во воениот и безбедносен договор со Србија и Унгарија. Ние имаме право на тоа“, изјави Додик на 4 април од Бања Лука.
Според Уставот на Босна и Херцеговина, ентитетите како што е Република Српска, немаат надлежност да водат надворешна и воена политика, за што се надлежни само институциите на БиХ.
Видете и ова: Вучиќ верува во создавање воен сојуз меѓу Србија и УнгаријаСпоред Уставот, секој ентитет може да склучува договори со држави и меѓународни организации, но со согласност од парламентот кој може со закон да предвиди и дека за одредени видови договори таква согласност не е потребна.
Исто така, ентитетите имаат право да воспостават и посебни паралелни односи со соседните држави, но во согласност со суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.
Унгарската влада, предводена од Орбан, со години го насочува своето внимание на Република Српска, а не на цела Босна и Херцеговина. Таа ѝ помогна на владата на Додик со заем од унгарската државна банка.
До 2019 година, Орбан, неговата партија и функционери од неа, се среќаваа исклучиво со државни функционери во Босна и Херцеговина.
Првата средба меѓу Додик и Орбан во јуни 2019 го отвори теренот за „директни врски меѓу Унгарија и ентитетот РС“, како што ги нарече унгарскиот премиер, што подоцна прерасна во програма за економска соработка.
Видете и ова: Мајнл-Рајзингер: Санкциите против Додик стапија на силаВо 2021 година, Орбан ја спречи германската иницијатива за воведување европски санкции против Додик за поткопување на институциите во БиХ, поради што, заедно со обвинувањата за корупција, тој е и на американската „црна листа“ со членовите на неговото семејство и врвот на владата на Република Српска.
Унгарија е единствената земја-членка на ЕУ која во мај 2024 во Генералното собрание на ОН застана на страната на позицијата на Србија и властите на РС и гласаше против резолуцијата за геноцидот во Сребреница.