Црвениот крст обезбедува поддршка за семејствата на настраданите во пожарот

Црвен крст на РСМ - архива

Црвениот крст на Република Северна Македонија соопшти дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.

Папралелно, отворени се и наменски телефонски линии за прва психолошка помош. Воедно, апелираат до сите да ја покажат хуманоста и солидарноста за обезбедување помош за настраданите семејства.

„Ја споделуваме тагата со семејствата на трагично загинатите, иако сме свесни дека во моментов, нема зборови што може да ја утешат нивната болка и загуба. На повредените им посакуваме брзо опоравување. Во овие тешки моменти кога се изгубени толку многу млади животи сакаме да истакнеме дека Црвениот крст на РСМ со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите“, нагласуваат оттаму.

Видете и ова: Пораки за сочувство и понуди за помош по трагедијата во Кочани

Од Црвениот крст наведуваат дека организација ги ставила во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка.

Црвениот крст достави и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички. Возилата на Црвениот крст од програмата за санитетски транспорт се ставени во функција на институциите на системот.

Отворени се наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје кои ќе бидат во функција 24/7.

Од Црвениот крст на РСМ, информираат дека веќе ае контактирани од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст и партнерски национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и понудена е помош.