И малолетници се меѓу оние кои се во критична состојба, потврди предмалку министерот за здравство, Арбен Таравари во изјава за медиумите поврзана со трагичниот настан во кој загина 51 лице во пожар во дискотека во Кочани.
„Хоспитализирани во ГОБ 8 ми Септември се 17 лица, во Штип во клиничката болница се 39, а во Кочани 30. Околу 18 пациенти се во критична состојба и тие се во скопските болници. Сигурен сум дека здравствените работници го даваат максимумот, се што треба за третман на пациентите е ставено во функција. Заменик министерот е во Штип и добиваме информации дека пациентите се во стабилна состојба, а критичнате се во Скопје“, изјави Таравари.
Тој изрази благодарност до другите држави кој понудиле помош а тоа се од Бугарија, Србија и болницата во Белград и Холандија.
Видете и ова: Пораки за сочувство и понуди за помош по трагедијата во КочаниТаравари рече дека ќе одлучат дали некои од пациентите ќе ги носат во странство.
Од кочанската болница велат дека главно повредените кај нив се со изгореници на лицето и екстремитетите.
„Починати се многу, но додека не заврши идентификација не можеме да ви дадеме точна бројка, донесувани беа починати или во моментот кога доаѓаа починуваа. Тешко е да се идентификуваат, дел имаа лични карти а дел немаа, тие што имаа долкументи се идентификувани. Сега очекуваме роднини да ги препознаат останатите но тоа е веќе надлежност на Јавното обвинителство. Меѓу починатите имаше на возраст од 14 до 25 години а меѓу нив има од Штип, Кочани, Пробиштип и Скопје“, Кристина Серафимова, директор на болницата во Кочани.
Првиот повик во болницата бил во 2 часот и 48 минути и веднаш се мобилизирале сите лекари, вели Серафимова.