Кина соопшти дека се надева дека може да се најде „праведно и трајно решение“ за војната меѓу Украина и Русија, бидејќи високи претставници на САД и Украина треба да разговараат за конфликтот во Саудиска Арабија.
„Се надеваме дека страните ќе можат да постигнат праведно и трајно решение што ќе биде прифатливо за сите“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг на прес-конференција во Пекинг.
Видете и ова: Кина е задоволна што Вашингтон и Москва ја „зајакнуваат комуникацијата“Како одговор на прашање за претстојните преговори, таа рече дека „Кина ги поддржува сите напори кои придонесуваат за мирно решавање на кризата“.
„Кина е исто така подготвена да продолжи да работи со меѓународната заедница за да одигра конструктивна улога во политичкото решение на кризата“, додаде таа.
Инаку денеска (11 март) во Џеда, Саудиска Арабија се одржува нова рунда разговори меѓу американски и украински делегации. Во изјавите пред посетата, украинскиот претседател Володомир Зеленски вети „многу работа“ на дипломатскиот фронт, велејќи дека неговиот тим бил ангажиран со администрацијата на Трамп на различни нивоа.