Голем напад со беспилотно летало ги погоди Москва и Московскиот регион на 11 март, предизвикувајќи штета на станбени згради и инфраструктурата.
Според Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, во нападите загинало едно лице, а три други се повредени. Жртвите се пријавени во градот Видноје и селото Јам во близина на градот Домодедово.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени вкупно 337 беспилотни летала, но не се знае колку вкупно биле испратени.
Масовниот напад доаѓа додека високи американски и украински претставници се подготвуваат да се сретнат во Саудиска Арабија на разговори за тоа како да се стави крај на војната во Украина. Во последниве денови, Русија ги засили сопствените напади врз украинската инфраструктура и цивилни цели додека дипломатијата околу војната се засили.
Нападот со беспилотно летало во областа на Москва го означува првиот напад од големи размери на руска територија во последните неколку недели.
Украина не ја презеде одговорноста за нападот.
Воробјов изјави дека остатоци од соборените беспилотни летала паднале и врз станбена зграда во Раменскоје, при што биле оштетени најмалку седум станови.
Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин на својот канал Телеграм објави дека силите за воздушна одбрана уништиле повеќе од 70 украински беспилотни летала кои се упатиле кон Москва. Тој потврди и дека остатоците од соборениот дрон го оштетиле покривот на станбена зграда на улицата Домодедовскаја.
Видете и ова: Четири работи околу клучните американско-украински разговори во Саудиска АрабијаБројни слики и видеа објавени од Москва и околината од страна на жителите покажуваат напади со беспилотни летала врз станбени згради. Во Раменскоје, беспилотно летало удри во висококатница на автопатот Северноје, предизвикувајќи пожар на горните катови. Дополнително, во приградската населба Високи Берег во Раменскоје, се запалила двокатна куќа по напад со дрон. Извештаите укажуваат и на оштетени високи згради во Видноје.
Украинските телеграмски канали исто така дистрибуираа снимки од експлозии низ московскиот регион.
Нападот влијаеше и на воздушниот сообраќај на главните аеродроми во Москва. Руската Федерална агенција за воздушен транспорт извести дека аеродромите Жуковски и Домодедово привремено ја прекинале работата поради нападите со беспилотни летала. Подоцна, аеродромот Внуково исто така престана да прима и испраќа летови.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Колку се важни информациите на американското разузнавање за воените напори на Украина?
Московската железничка управа потврди и оштетување на железничката инфраструктура на станицата Домодедово на аеродромот. Во меѓувреме, извештаите од Рјазан покажуваат дека мета бил воениот аеродром Дјагилево.
Гувернерот на Рјазан, Павел Малков, изјави дека силите за воздушна одбрана го пресретнале нападот брзо и ефикасно, без пријавени жртви или оштетувања на станбените згради и социјалната инфраструктура во областа, што, според него, ги покажува силните одбранбени способности на земјата.
Ситуацијата останува тензична бидејќи властите го проценуваат целосниот обем на штетата и продолжуваат да ги следат потенцијалните закани.