Сириското Министерство за одбрана денеска (10 март) објави крај на големата безбедносна операција во крајбрежните провинции, по неколкудневно насилство и масовни убиства што предизвикаа меѓународна загриженост.
Воениот мониторинг на Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека речиси 1500 луѓе загинале во насилствата од четвртокот, од кои мнозинството цивили биле убиени од безбедносните сили и сојузничките групи на алавитското малцинство на кое му припаѓа соборениот претседател Башар ал Асад.
Во изјава за официјалната новинска агенција САНА, портпаролот на Министерството за одбрана Хасан Абдул Гани рече дека безбедносните сили ги неутрализирале безбедносните закани и „остатоците од режимот“ во провинциите Латакија и Тартус на брегот на Средоземното Море.
„Откако го постигнавме ова, објавуваме крај на воената операција“, изјави Абдул Гани.
Тој го поздрави како што рече „успехот на нашите сили во постигнувањето на поставените цели“ за операцијата.
„Бевме во можност да ги апсорбираме нападите на остатоците од соборениот режим и неговите офицери“ и да ги истуркаме од „виталните“ локации“, рече Гани.
Видете и ова: Иран: Добивме „пораки“ од новата сириска владаСудирите избувнаа минатата недела меѓу безбедносните сили и вооружените лица лојални на Асад, при што Опсерваторијата објави дека загинале 231 персонал на безбедносните служби и 250 борци кои го поддржуваат Асад.
Вклучувајќи најмалку 973 цивили, многу од нив припадниции на малцинствто Алавити, убиени од безбедносните сили и сојузничките сили, вкупниот број на загинати според Опсерваторијата достигна 1454 луѓе.
Гани рече дека „безбедносните сили ќе работат во претстојната фаза за да се консолидира работата за да се обезбеди стабилност и да се зачува безбедноста на жителите“.
Тој, исто така, посочи на „новите планови за продолжување на борбата против остатоците од соборениот режим и работа на елиминирање на какви било идни закани“.
Видете и ова: Македонски Албанец меѓу странските борци кои добија функции во новата сириска армијаПривремениот претседател Ахмед ал-Шара, чија исламистичка група ја предводеше офанзивата со која беше соборен Асад во декември, вети дека „ќе бара одговорност, цврсто и без попустливост, за секој што е вклучен во крвопролевањето на цивилите“.
„Нема да има никој над законот и секој чии раце се извалкани со крвта на Сиријците ќе се соочи со правдата порано или подоцна“, порача привремениот сириски претседател.