Со барање за вредносен систем што ги почитува жените, им овозможува да живеат без страв и им гарантира активна улога во општеството се одржа Маршот за женски права во Скопје. Организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, маршот оваа година го носеше слоганот „Нека јадат ружи!“.
Организаторите истакнаа дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.
Тие потсетија дека жената не е безбедна ниту дома, ниту на улица, дека нема повеќе од 20 минути пауза во фабрика, ниту слободен ден во маркет, а споделеното родителско отсуство често не е опција. Воедно, нагласија дека на работа редовно се соочуваат со сексуално вознемирување, мобинг и сексизам.
Видете и ова: Наместо цвеќе, жените бараат државата да ги заштити жртвите од семејно насилство- Сакаме да ги потсетиме институциите и јавноста дека повеќе нема да ги молиме полицијата и обвинителството да постапуваат навремено, туку будно повикуваме на вистинска заштита и поддршка за жртвите на родово базирано насилство - посочија тие.
Маршот, исто така, повика на вклученост на жените во урбанистичкото планирање, крај на експлоатацијата и работната дискриминација, како и на отворен и еднаков пристап до образование и кариерни можности без репродуцирање на штетни стереотипи и предрасуди.
- Сакаме отворен и еднаков пристап до образование и кариерни можности без репродуцирање на штетни стереотипи и предрасуди, порачаа тие.
Меѓународниот ден на жената е глобален празник кој се одбележува секоја година на 8 март. Овој ден е посветен на признавање на социјалните, економски, културни и политичките достигнувања на жените ширум светот. Исто така, служи како повик за акција за забрзување на родовата еднаквост.