Американскиот претседател Доналд Трамп упати „последно предупредување“ до палестинската милитантна група Хамас, барајќи ослободување на сите заложници и враќање на израелските тела, или ќе се соочи со тешки последици.
Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.
“Ослободете ги сите заложници сега, не подоцна, и веднаш вратете ги сите мртви тела на луѓето што ги убија, или ГОТОВО е за вас“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
„Му испраќам на Израел сè што му е потребно за да ја заврши работата, ниту еден член на Хамас нема да биде безбеден ако не постапите како што велам“, напиша Трамп.
„Ова е вашето последно предупредување!“, додава Трамп, повикувајќи ги лидерите на Хамас да го напуштат Појасот Газа додека се уште имаат можност.
Видете и ова: Хамас ослободи нови заложнициПрвата фаза од прекинот на огнот во израелската војна против палестинското движење Хамас во Газа истече во очекување на продолжувањето на преговорите за втората фаза, а привремениот прекин на огнот, инициран од САД, неформално е продолжен до 30 март.