Физичките напади врз новинарите значително се зголемуваат, особено во Украина и Грузија, се наведува во извештајот на Советот на Европа објавен денеска (5 март). Извештајот на највисокото тело за заштита на човековите права во Европа покажува дека бројот на напади во Европа се зголемил од 26 на 78 минатата година.
Во Украина биле пријавени 19 напади - главно поврзани со целосната инвазија на Русија.
Следуваат Грузија, Србија и Турција со по осум напади на новинари.
Според извештајот, ситуацијата за претставниците на печатот во Грузија се влошила подрастично отколку во која било друга земја-членка на ЕУ. Како и во повеќето случаи, нападите таму се случиле за време на демонстрации.
Во Грузија неколкупати се одржаа масовни протести поради контроверзните закони и спорови околу позицијата на земјата кон Европската Унија. Сепак, во извештајот се наведува дека слободата на печатот не е само под притисок на насилството.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Грузиски новинари претепани од маскирани лица на тековните протести
Новинарството постојано е цел на политичките актери, било преку обиди да се изврши влијание или преку драстично намалено финансирање. Авторите на извештајот ги наведуваат Италија и Словачка како негативни примери.
Извештајот е резултат на соработката помеѓу земјите и Советот на Европа, и тој се разликува од Европската Унија и неколку организации за слобода на печатот.
Податоците се засноваат на извештаите на организациите, кои, покрај 46-те членки на Советот на Европа, внимателно ги разгледале и Белорусија и Русија.