Поради закана евакуирана главната железничка станица во Виена

Австрија - приградски воз на Австриските федерални железници, Виена, 18 јануари 2023 година.

Полицијата ја евакуира главната железничка станица во Виена поради „неодредена“ закана и железничкиот сообраќај е запрен, соопштија полицијата на австриската престолнина и националната железничка компанија ОББ на 3 март, јави Ројтерс.

„Во тек е голема полициска операција на главната станица во Виена. По пристигната закана, станицата се евакуира“, напишаа од виенската полиција на мрежата Икс (поранешен Твитер).

Видете и ова: Австриското МВР потврди - Напаѓачот во Виена е Кујтим Фејзулаи и имал македонско државјанство

Од таму ги повикаа граѓаните да избегнуваат какви било непотребни патувања до станицата, која е главен железнички центар за метро, за трамвај и за автобуски превоз.

Австрија минатата година претрпе серија лажни закани со бомби што поттикна расчистување на поголемите станици и предзвика одложувања на возниот ред.