Естонија е првата земја во светот која отпочна иницијатива за интегрирање на четботови и други алатки од областа на вештачката интелигенција специјализирани за образование, во националниот образовен систем – соопшти естонската влада.
Од 1-ви септември односно од почетокот на новата учебна година, 20.000 средношколци во 10-то и 11-то одделение и 3.000 наставници ќе имаат слободен пристап до „ЧетЏиПиТи Еду“ (ChatGPT Edu), алатката на „Опен ЕјАј“ (OpenAI), како и други алатки за вештачка интелигенција, се наведува во соопштението на владата.
Планирано е следната година програмата да се прошири и на стручните училишта, што значи уште 38.000 ученици и 2.000 наставници – пренесе Еурактив.
„Конкурентноста на Естонија зависи од тоа колку добро ги подготвуваме младите луѓе за ерата на вештачката интелигенција", изјави министерката за образование Кристина Калас, додавајќи дека Естонија ќе инвестира многу во обука на наставници како дел од програмата AI Lip (Leap).
Видете и ова: Вештачка интелигенција – злоупотреби и ризициПрограмата ќе биде финансирана од страна на јавно-приватната фондација AI Lip, развиена од страна на Претседателскиот дигитален совет и Министерството за образование и истражување, и во која учествуваат голем број на приватни претприемачи.
Специфичните задачи, членовите и моделот на финансирање на фондацијата ќе бидат договорени во март.
Во соопштението се додава дека се започнати преговори со OpenAi и Antropik и дека се планира да се вклучат и други провајдери.