Американскиот претседател Доналд Трамп на 22 февруари рече дека сака Украина да ги врати милијардите долари што Соединетите држави ѝ ги испратија на земјата за да ѝ помогнат да се одбрани од руската инвазија во целосен обем.
„Сакам да ни дадат нешто за сите пари што ги дадовме. Бараме ретка земја и нафта - сè што можеме да добиеме“, рече Трамп на Конференцијата на конзервативната политичка акција (CPAC) во близина на Вашингтон.
Трамп ги даде коментарите на време на преговорите меѓу Вашингтон и Киев за договор што ќе ги вклучи правата на минералните ресурси на Украина, вклучително и оние што се користат за производство на батерии за електрични возила и друга технологија.
Видете и ова: Велика Британија ќе претстави голем пакет санкции кон РусијаСпецијалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, отпатува за Киев претходно оваа недела и се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи потоа дека украинскиот претседател разбира дека било „критично“ да се потпише договор со САД. Келог, исто така, го пофали Зеленски како „храбар“ по посетата.
Трамп им рече на приврзаниците на годишниот собир на CPAC дека мисли дека може да се постигне договор.
„Ќе си ги вратиме парите затоа што едноставно не е фер“, рече тој „И ќе видиме, но мислам дека сме прилично блиску до договор и подобро е да бидеме блиску до договор“, рече тој.
Предложениот договор, наводно, ќе им даде на Соединетите Американски Држави права на украинските ретки минерали за да им надоместат на САД за помошта дадена за Киев. Зеленски, наводно, се воздржал од потпишувањето на првичниот договор, но извештаите на 22 февруари, цитирани од неидентификувани украински официјални лица, велат дека тој сега сериозно размислува за ревидирана верзија на договорот.
Некои од условите изгледаат дури и построги од оние од претходниот нацрт, објави „Њујорк тајмс“ на 22 февруари. Последниот предлог, за кој весникот рече дека имал увид, бара Украина да придонесе во приходите од своите ресурси во фондот на САД додека износот на придонесот не достигне 500 милијарди долари, објави Њујорк тајмс.
Видете и ова: ОН одмерува две резолуции за третата годишнина од војната во УкраинаРуслан Стефанчук, претседател на украинскиот парламент, за украинските медиуми изјави дека група ќе започне да работи на договорот на 24 февруари и дека Украина сака да добие конкретни безбедносни гаранции во замена за пристап до нејзините ресурси, пишува весникот.
Дипломатските чекори на Трамп кон Русија, вклучително и можноста за средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, ги вознемири Украина и Европа поради можноста САД да потпишат договор неповолен за нив.
Конфликтот достигна критична фаза непосредно пред третата годишнина од војната на 24 февруари и кога силите на Киев полека отстапуваат од линијата на фронтот.
Руското Министерство за одбрана претходно на 22 февруари тврдеше дека ја заземале Новољубивка во областа Луганск.
Според Серхи Лисак, гувернер на регионот Дњепропетровск, руските војници истрелале проектили кон Кривиј Рих. Еден човек бил повреден во ракетниот напад и починал во болница, а најмалку две други лица се повредени, меѓу кои и една 30-годишна жена, која е хоспитализирана во тешка состојба, рече Лисак.
Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени во градот Константиновка во украинската област Доњецк. Во тек е потрага по луѓе кои би можеле да бидат затрупани под урнатините, изјави регионалниот гувернер на Доњецк, Вадим Филашкин. Според локалните власти, врз градот биле фрлени најмалку седум бомби.
Командата на воздухопловните сили на украинската војска претходно соопшти дека во неколку региони на Украина се огласени воздушни тревоги поради заканата од руски беспилотни летала. Конкретно, војската го снимила движењето на беспилотните летала во правец на Черкаси и Киев.