Шест лица, меѓу кои и 14-годишни близнаци, се повредени во руски напад врз станбена зграда во Херсон, соопшти шефот на регионалната воена администрација, Олександр Прокудин.
Нападот предизвикал уништување на 15 станови, од првиот до десеттиот кат, а прозорците на 80 домови се скршени.
Две лица биле спасени од урнатините на осмиот и деветтиот кат. Близнаците се хоспитализирани, но според лекарите, нивната состојба е стабилна.
Во болница е примен и 47-годишен маж, кој во моментот на нападот се наоѓал во собата на чуварот на паркингот. Тој има повреди од шрапнел и скршеница на ногата. Тројца други повредени добиле медицинска помош на местото на настанот.
Видете и ова: Како би изгледале европските сили во Украина и колку е тоа реално?Околу 120 лица, меѓу кои спасители, полицајци, медицински тимови и волонтери, учествуваат во операцијата за расчистување на урнатините.
Украинската војска соопшти дека Русија лансирала 161 беспилотно летало и околу 14 проектили за време на нападот во текот на ноќта.
Ракетниот напад бил насочен кон критичната инфраструктура во североисточниот регион Харкив.
Военото воздухопловство соборило 80 беспилотни летала, а 78 биле „изгубени“, најверојатно поради електронски контрамерки, додаде војската.