Двајца станари, еден пожарникар и еден полицаец се повредени во пожар што избувна синоќа(19 февруари) во зграда во скопската населба Кисела Вода, спроти Општината.
„Еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо“, објави на Фејбук претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски изрази благодарност до соседите за нивната смиреност и заедно, како што напиша, спречивме голема катастрофа.
„Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште, а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме!“, се вели во објавата на Ѓорѓиевски.
Командантот Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) Звонко Томевски утрово (20 февруари) за МИА изјави дека пожарникарот бил пратен на снимање и потоа е вратен на работа.