Автомобил влетал во група луѓе во германскиот град Минхен, при што се повредени неколку лица, извести полицијата во четврток (13 февруари).
Весникот „Билд“ објави дека се повредени 20 луѓе.
Во петок започнува Минхенската безбедносна конференција, а американскиот потпретседател Џ. Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигнуваат подоцна во главниот град на германската покраина Баварија.
Во близина на централната железничка станица во тек е голема полициска акција.
Полицијата на мрежата Х соопшти дека успеала да го приведе возачот и дека не веруваат дека тој претставува дополнителна закана.
Локалните медиуми јавуваат дека во инцидентот биле повредени луѓе кои учествувале во демонстрации поврзани со штрајкот организиран од синдикатот Верди.