Кина соопшти дека е задоволна што Вашингтон и Москва ја „зајакнуваат комуникацијата“ откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин за да разговара за мировни преговори за Украина.
„Русија и САД се две важни и влијателни земји“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун на прес-конференција.
Тој истакна дека Кина е „задоволна што гледа како Русија и САД ги зајакнуваат комуникациите и водат дијалог за низа меѓународни прашања“.
„Кина ги поддржува сите напори за мирно решавање на кризата и ќе продолжи да ја одржува комуникацијата со сите вклучени страни и да игра конструктивна улога во промовирањето политичко решение за кризата“, додаде портпаролот на кинеското МНР.
Видете и ова: Руте: Киев мора да биде вклучен во мировните преговори за УкраинаВо меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги повика новинарите да бидат трпеливи како одговор на прашањето дали Кина може да ја игра улогата на посредник во разговорите за ставање крај на војната во Украина.
„Кина е стратешки партнер на Русија и Москва високо ги цени односите со неа“, додаде Песков.
Откако Москва ја започна својата целосна инвазија на Украина во 2022 година, Пекинг се обидува да се прикаже себеси како неутрална страна во конфликтот.
Западните земји, вклучително и САД, ја поддржаа Украина и го критикуваа одбивањето на Кина да ја осуди Русија, но враќањето на Трамп на власт фрли сомнеж врз позицијата на Вашингтон, пишува АФП.