Од театар до театар, пред Министерството за труд, вработување, ветерани и социјални прашања - така се одвиваше денешниот протестен марш на театарските уметници, студенти и граѓани во Белград.
Пред зградата на Министерството, присутните оддадоа 15-минутна почит на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад.
Маршот почна од пред Храмот „Свети Сава“, а потоа продолжи покрај белградските театри, кои ја прекинаа работата на седум дена во знак на поддршка на студентските барања.
Во Србија подолго од два месеца траат протестите поради петнаесетте лица кои ги загубија животите при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Протестите се организирани од студентите чие клучно барање е да се утврди политичка и кривична одговорност за трагедијата.
Видете и ова: Српските студенти од Белград и Ниш тргнаа пеш кон Крагуевац„За првпат во историјата на српските театри се одлучуваме на ваков чекор, прифаќајќи го повикот на студентите за борба за одговорен однос на институциите“, беше наведено во соопштението на 6 февруари.
Зад соопштението застанаа Народниот театар, Атеље 212, Белградскиот драмски театар, Театарот „Бошко Буха“, Мал театар „Душко Радовиќ“, театарот „Теразије“ и Југословенскиот драмски театар, а потоа за прекин на работата се одлучија и дел од останатите театри во земјата.
Трагедијата во Нови Сад предизвика бран протести низ цела Србија. Протестите почнаа на иницијатива на студентите, но потоа ним им се придружија и средношколците.
Поддршка за протестите тие добија од нивните професори, од адвокати, земјоделци, актери и други граѓани.
Владата предводена од српскиот претседател, Александар Вучиќ сепак тврди дека барањата на студентите се исполнети.
Студентите порачаа дека тие не се исполнети и најавија дека ги ги продолжуваат своите протести.