Битолски хирург осомничен за земање поткуп од 150 евра

Илустрација.

Хирург во Битола е осомничен дека побарал и зел мито од 150 евра за извршена операција на пациентка, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола.

Против него е отворена постапка за кривичното дело примање поткуп. Станува збор за лекар од Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола.

„Осомничениот на 27 јануари како хирург извршил операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра“, велат од ОЈО Битола.

Видете и ова: Обвинение за 16 лица во случајот со примање поткуп на два гранични премини

По земањето на парите, кај хирургот бил извршен претрес во кој полицајци од СВР Битола ги пронашле и одзеле.

Од ОЈО Битола информираат дека за осомничениот бараат судот да определи притвор бидејќи „постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство“.