Американскиот Сенат го потврди Скот Бесeнт за министер за финансии во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Вчера, 68 сенатори гласаа за него, 29 против, а 16 демократи ја поддржаа номинацијата.
Бесeнт, кој има 62 години, веќе е застапник на економската агенда на Трамп, која се фокусира на намалување на даноците и наметнување високи тарифи за кои некои економисти велат дека би можеле да поништат дел од напредокот што Федералните резерви го постигнаа во контролирањето на инфлацијата.
Видете и ова: Сенатот го потврди изборот на Трамп за нов директор на ЦИАКако 79-ти секретар, Бесeнт ќе има влијание врз наплатата на даноците во САД и нејзиниот долг од 28 трилиони долари, со огромно влијание врз фискалната политика, финансиските регулативи, меѓународните санкции и странските инвестиции.