Повеќе региони во Украина беа цел на руски борбени беспилотни летала во текот на ноќта, објавија украинските власти во понеделник (27 јануари).
„Серија експлозии можеа да се слушнат над Закарпатија“, објави на Телеграм Свитлана Онишчук, гувернерка на регионот Ивано-Франковск во југозападна Украина.
Регионот се наоѓа на околу 850 километри од најблиските руски позиции на полуостровот Крим.
„Целта беше инфраструктурата. Пријавени се пожари, но нема повредени“, рече Онишчук, без да наведе детали.
Гувернерот на Днепропетровск, Серхиј Лисак, пријави штета на три високи згради во индустрискиот град Днипро, кој се наоѓа на југоистокот на земјата.
Видете и ова: Украина презеде одговорност за напад со дрон врз руска нафтена рафинеријаИ украинските воздухопловни сили пријавија штета во регионот на Киев и во Суми на северо-исток.
Воздухопловните сили објавија дека собориле 54 од повеќе од 100 дронови лансирани од Русија. Уште 39 беспилотни летала не носеле експлозиви и биле лансирани како мамки.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека пресретнале 32 украински беспилотни летала над руска територија, а 15 од нив се регистрирани над јужниот регион Воронеж кој се граничи со источна Украина. Двете страни користеле беспилотни летала и проектили за напад на клучна инфраструктура, вклучително и електрани, од почетокот на руската целосна инвазија пред речиси три години.
Тврдењата од двете страните не можеа веднаш да се проверат.