Американскиот Стејт Департмент на 24 јануари одлучи да ја замрзне распределбата на средствата за речиси целата американска помош во странство, со исклучок на хуманитарните програми за испраќање храна и воена помош во Израел и во Египет, јави агенцијата „Асошиејтед прес“(АП).
Сеопфатната наредба суспендираше бројни проекти кои помогнаа на глобално ниво во сегментите на здравство, образование, развој, обука за работа и во други области.
Соединетите Држави обезбедуваат повеќе странска помош на глобално ниво од која било друга земја, околу 60 милијарди долари во 2023 година, или околу еден процент од американскиот буџет.
Извршната наредба повикува на 90-дневна пауза на американската развојна помош во странство за да се процени ефективноста и „конзистентноста со надворешната политика на Соединетите Држави“.
Државниот секретар Марко Рубио испрати порака до американските амбасади ширум светот во која се појаснува спроведувањето на извршната наредба, потпишана од новиот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
Во наредбата се наведува дека „никаква дополнителна американска странска помош нема да биде исплатена на начин што не е целосно усогласен со надворешната политика на претседателот на САД“. Понатаму, забранува понатамошно трошење на владата за постоечките програми, што значи дека тие можат да се спроведат само со готовина што е веќе достапна.
Видете и ова: Големи очекувања на македонската влада од TрампСтејт департментот во периодот на замрзнувањето ќе направи ревизија на илјадници американски програми за помош и ќе одлучи кои може да продолжат.
Хуманитарните групи, невладините организации, претприемачите, земјоделците и владите ширум светот со загриженост ги следат новите планови на Вашингтон.
Агенцијата АФП објави дека замрзнувањето на финансирањето потенцијално може да влијае на Украина, која доби милијарди долари за оружје за време на претходникот на Трамп, Џо Бајден.
Во Авганистан, замрзнувањето на американската странска помош би било „катастрофално“ за милиони Авганистанци на кои им е потребна, изјави Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци, за Радио Слободна Европа
Запирањето на финансирањето „може да има последици на живот или смрт“ за децата и семејствата ширум светот, рече Аби Максман, шефица на организацијата „Оксфам Америка“.
„Со суспендирање на помошта за развој на странство, администрацијата на претседателот Трамп ги загрозува животите и иднината на заедниците во криза и го напушта долгогодишниот двопартиски пристап кон странската помош на САД што ги поддржува луѓето врз основа на потреба, без оглед на политиката“, изјави Максман.
Видете и ова: Конгресот го усвои предлог-законот на Трамп за апсење илегални имигрантиЗамрзнувањето следи по претходното ветување на Трамп и другите републиканци дека ќе ја зајакнат контролата на програмите за помош на САД.
Заменик-портпаролот на ОН Фархан Хак рече: „Ова се билатерални одлуки, но сепак ги очекуваме оние земји кои имаат способност великодушно да финансираат помош за развој“.
Републиканецот од Флорида Брајан Маст, новиот претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, вети дека оваа недела дека републиканците внимателно ќе го испитаат „секој долар и секој дипломат“ во буџетот на Стејт Департментот за да се осигураат дека ги исполнуваат нивните стандарди за строга неопходност.