Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за запирање на влегување на мигранти во САД преку јужната граница со Мексико, соопшти Белата куќа.
Документот им наложува на Одделот за домашна безбедност, Министерството за правда и Стејт департментот да го забранат влезот на илегалните мигранти преку јужната граница, да ги вратат во татковината и да ги протераат.
Покрај тоа, наредбата го ограничува правото на овие лица да останат во САД под изговор дека бараат азил.
Видете и ова: Трамп потпиша серија извршни наредби на првиот ден од неговиот мандатПретходно, Пентагон соопшти дека на границата со Мексико ќе бидат распоредени дополнителни 1500 војници.
Дополнителните трупи вклучуваат 500 маринци, како и екипажи на армиските хеликоптери и разузнавачки аналитичари. Тие ќе им се придружат на 2200 активни воени лица и илјадници војници на Националната гарда, кои беа на границата пред инаугурацијата на Трамп.
Трамп за време на првиот мандат нареди нареди распоредување на 5200 војници за обезбедувањето на границата со Мексико. Демократот и поранешен претседател Џо Бајден, исто така, испрати војници на границата.