Локализиран е пожарот кој настана во старскиот дом „Доктор Јанески“ во кавадаречкото село Чемерско. Вкупно 30 луѓе кои се корисници на домот, се пренесени во болницата во Кавадарци и сите се во стабилна состојба, соопштија од домот. Пожарот настанал на покривот на зградата, и набрзо е локализиран.
„Сите штитеници на домот во Чемерско се сега за сега стабилни. Ќе бидат згрижени сè до нивно понатамошно транспортирање дали до фамилиите или до другите домови. Чекаме уште две пациентки, и тие се во стабилна состојба и ќе бидат под надзор од нашите вработени и од вработените во Домот за стари лица“, изјави за новинската агенција МИА директорката на Општата болница Кавадарци.
Видете и ова: Осуммина загинати во пожар во дом за стари лица во БелградГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, изјави дека лицата биле пренесени од домот со возила на Итната медицинска помош од Свети Николе, Велес, Кавадарци и Неготино, противпожарната единица Кавадарци и ОВР Кавадарци. Тој истакна дека противпжарните служби реагирале брзо и соодветно. На терен излегле 10 пожарникари со три противпожарни возила.