Обвинение за перење пари, проституција и дрога

Државно јавно обвинителство

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 10 луѓе и една фирма за дела поврзани со продажба на дрога, посредување за проституција и перење пари.

Седуммина обвинети како членови на злосторничко здружение сториле кривично дело Посредување во вршење проституција, од кои четворица се обвинети и за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело, а за кое дело се обвинува и правното лице.

Останатите двајца припадници на групата се обвинети за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, додека на полицискиот службеник освен злосторничко здружување му се става на товар и кривичното дело Оддавање службена тајна.

Организираната група ја создал првоосомничениот, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата која во временскиот период од 2020 година до октомври 2024 година се занимавала со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а дел од обвинетите ги прикривале нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела. Членови на криминалната група биле и две службени лица – затворски полицаец и полициски службеник.

Видете и ова: МВР приведе четири лица, посредувале при вршење проституција на Бразилки и перење пари

Во текот на истражната постапка, тројца од осомничените го признаа извршувањето на делата и се спогодија со обвинителството.

Врз основа на предлог спогобите на две лица за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги им се изречени затворски казни во траење од 2 години и 3 месеци и од 1 година и 8 месеци,

Службеното лице е осудено на казна затвор во траење од 1 година и 8 месеци за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Оддавање службена тајна. За осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот постапката е прекината до негово пронаоѓање.

Во постапката се определени мерки кон вреден недвижен имот во Тетово и Гостивар, вреден подвижен имот – возила, накит и часовници од значителна вредност, како и парични средства и други предмети што потекнуваат и се принос од кривичните дела.

Во полициската операција „Шипка”, беше откриена организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, при што беа откриени 35 странски државјанки од Украина, Русија, Србија, Молдавија, Албанија, Колумбија и Македониј