Етничките Срби ги осудуваат рациите во паралелните институции во Косово

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Етничките Срби кои живеат во Косово ги осудија рациите на властите во општинските канцеларии во 10 области поддржани од Србија. Рациите на 15 јануари се дел од напорите на владата во Приштина да ги затвори таканаречените паралелни институции кои ѝ даваат моќ на соседна Србија во нејзината поранешна покраина. Етничките Срби во северно Косово со децении се водени од Белград и неговите паралелни структури во регионот, вклучувајќи ги и српските банки, пензискиот систем и бенефициите за невработеност.