Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за војната во Украина, кога следната недела ќе ја преземе функцијата, изјави денеска (14 јануари) шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Лавров предупреди дека Трамп за војната, за која претходно рече дека ќе биде прекината во рок од 24 часа по неговото враќање во Белата куќа, зборувал пред неговата инаугурација, но додаде дека Русија го поздравува фактот што тимот на Трамп почнува да зборува за „реалноста. на теренот“ кога станува збор за Украина.
Шефот на руската дипломатија рече дека тоа се одразува во изјавите и на Трамп и во коментарите на неговиот иден советник за национална безбедност Мајк Волц.
Видете и ова: Трамп: Мировните преговори за Украина би можеле да започнат наскоро по инаугурацијатаВолц пред два дена во интервју за телевизијата Еј-Би-Си изјави дека е јасно дека војната некако мора заврши со дипломатски средства.
„Едноставно не мислам дека е реално да се каже дека ќе го исфрлиме секој Русин од секоја педа украинска почва, дури и од Крим. Претседателот Трамп ја призна таа реалност и мислам дека тоа беше огромен чекор напред за целиот свет. Да ја прифатиме таа реалност и ајде да одиме сега напред, рече Волц.
Новоизбраниот американски претседател Трамп неодамна изјави дека сака преговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина да започнат набргу откако ќе се врати во Белата куќа, но не даде конкретни информации за тоа кога тие ќе се одржат.
Трамп рече дека сака разговорите да започнат наскоро бидејќи „Русија губи многу млади луѓе, а исто така и Украина“.
Русија ја почна целосната инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година.