Рускиот гасен гигант Газпром размислува за отпуштање на повеќе од илјада вработени вработени во администрацијата, потврди портпаролот на компанијата која ја потресе прекинот на извоз во Европа.
На 1 јануари Украина стави крај на децениските договори за транзит на руски гас – зделки кои им донесоа милијарди долари и на Киев и на Москва - во обид да ги намали приходите на Русија, која започна инвазија пред речиси три години.
Портпаролот на Гаспром денеска (13 јануари) за АФП ја потврди автентичноста на писмото кое кружи во руските медиуми во кое висока функционерка предлага да се отпуштат луѓе од околу 40 отсто од работните места во седиштето на компанијата во Санкт Петербург.
Во писмото од 23 декември 2024 година до шефот на Гаспром, Алексеј Милер, заменик-претседателката на компанијата, Јелена Иљухина, вели дека компанијата треба да го намали бројот на вработени во седиштето од „повеќе од 4.100“ на „2.500 вработени“.
„Предизвиците со кои се соочува групацијата Гаспром бараат намалување на времето потребно за подготовка и донесување одлуки“, се вели во писмото Иљухина, критикувајќи ги „прекумерните бирократски процеси“ и наведувајќи ги предложените кратења.
Предложените отпуштања нема да влијаат на вработените во производствените капацитети.
Видете и ова: Прекинот на руски гас го зголемува притисокот врз прозападната влада на МолдавијаГаспром, некогаш еден од главните извори на приход за руската влада, забележа нето загуба од речиси 7 милијарди долари во 2023 година, што е прва загуба на компанијата во повеќе од две децении.
Компанијата има монопол на извоз на руски гас преку гасоводи и се обидува да ги префрли своите испораки на нови пазари.
Русија покривала речиси 45 отсто од вкупниот увоз на гас во ЕУ во 2021 година, а во 2023 година тоа се намалило на помалку од 15 отсто, според статистиката на ЕУ.
Брисел сака ЕУ целосно да ја намали употребата на руските фосилни горива до 2027 година.
Гаспром ја зголеми продажбата за Кина во последните години, но Пекинг допрва треба да одобри нов долгорочен договор за снабдување или договор за изградба на нов голем гасовод.
Проектот за кој долго се дебатира, наречен Моќта на Сибир 2, ќе му овозможи на Гаспром да го пренасочи гасот кон Кина од полињата што некогаш ја снабдувале Европа.