Украинските истражители испитуваат двајца севернокорејски војници заробени од силите на земјата во рускиот регион Курск, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Неговата објава доаѓа неколку дена откако Украина ја обнови својата офанзива во руската област Курск, во обид да ги задржи териториите што ги освои во август минатата година.
„Нашите војници заробија севернокорејски војници во Курск. Тоа се двајца војници кои иако се ранети преживеаја и беа однесени во Киев каде комуницираат со украинските безбедносни служби“, рече Зеленски во објавата на мрежата Телеграм на 11 јануари.
Видете и ова: Бајден вели дека Путин е во „лоша позиција“ по санкциитеОбјавата содржи и фотографии од војниците, за кои Зеленски вели дека се заробени, што е првпат украинските власти да објавуваат фотографии од заробени севернокорејски војници.
Зеленски, исто така, рече дека заробувањето на војниците не било лесно.
Тој тврди дека руските и севернокорејските сили кои се борат во Курск се обиделе да го сокријат присуството на севернокорејските војници, што вклучувало убивање на ранетите на бојното поле за да избегнат нивно заробување и испрашување во Киев.
Украинската безбедносна служба соопшти дека еден војник воопшто немал документи, додека другиот носел руска воена лична карта на име на маж од Тува, руски регион кој граничи со Монголија.
Видете и ова: Нови дронови го зајакнуваат рускиот напредок во Украина„Затворениците не зборуваат украински, англиски или руски, па комуникацијата со нив се врши преку корејски преведувачи во соработка со јужнокорејските разузнавачки служби“, се вели во соопштението.
Агенцијата соопшти и дека на војниците им била укажана медицинска помош во согласност со Женевските конвенции.
Москва минатата година испрати околу 11.000 војници во Курск за поддршка на руските сили во регионот, кој е делумно контролиран од украинските сили од август минатата година.
Висок украински воен претставник минатиот месец изјави дека неколку стотици севернокорејски војници, кои се бореле заедно со руските сили во Курск, биле убиени или ранети во борбите.