САД мора да одржат воено присуство во Сирија за да ја спречат групата Исламска држава ИД повторно да се појави како закана по падот на владата на Башар ал Асад, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.
Таму се уште се потребни американски сили, првенствено за безбедност на камповите за десетици илјади поранешни борци на ИД и нивни семејства, рече шефот на Пентагон во едно од неговите последни интервјуа за американски медиуми.
Според различни проценки, меѓу 8000 и 10000 борци на групата се во камповите, а најмалку 2000 од нив се верува дека се многу опасни.
„Мојот став е дека ако Сирија е незаштитена, борците на ИСИС повторно ќе станат една од главните струи“, рече Остин во воздухопловната база Рамштајн во Германија, каде што пристигна да разговара за воената помош за Украина со околу 50 други партнерски земји.
Тој употребил друг акроним за групата Исламска држава („Исламска држава во Ирак и Левант“, ИДИЛ).
Видете и ова: Турција го заменува Иран како доминантен странски „играч“ во СиријаВо 2018 година, за време на неговиот прв мандат, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да ги повлече сите американски сили од Сирија, што предизвика оставка на поранешниот секретар за одбрана Џим Матис.
Минатиот месец, за време на офанзивата на групата Хајат Тахрир ал-Шам против Асад, која е прогласена за терористичка организација од САД, Трамп објави дека војската на Вашингтон треба да остане настрана од конфликтот.
САД одржуваат контингент од околу 2000 војници во Сирија, чија задача е да се борат против Исламската држава.
Тоа е многу повеќе од тврдењата на официјални претставници, според кои бројката е 900 лица. Тие беа испратени во Сирија во 2015 година, откако радикалната група зазеде големи делови од оваа блискоисточна земја.