САД најавија санкции против правни лица, бродови и поединци вклучени во транспортот на иранска нафта или помагањето за финансирање на Хутите во Јемен, поддржани од Иран, јави ДПА.
Целта на санкциите е да го спречат Иран да ги финансира нивните „малигни активности“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Стејт департментот воведе санкции за четири субјекти кои превезувале иранска нафта и идентификувале шест бродови како нивна сопственост.
„Додека Иран ги пренасочува своите енергетски приходи за да ги финансира нападите врз сојузниците и партнерите на САД, да го поддржува тероризмот ширум светот и да продолжи со дестабилизирачки акции, ние ќе продолжиме да ги користиме сите алатки што ни стојат на располагање за да го повикаме режимот на одговорност“, рече Блинкен.
Видете и ова: ЕУ воведе дополнителни санкции кон руски и ирански поморски превознициМинистерството за финансии, исто така, санкционираше четири субјекти и идентификуваше три брода во врска со иранскиот нафтен или петрохемиски сектор.
Санкции се воведени и на 12 поединци и правни лица - вклучувајќи го и шефот на јеменската централна банка во Сана - за кои САД велат дека се поврзани со Хутите, поради нивната вмешаност во трговија со оружје, перење пари и транспорт на нелегална иранска нафта.