Гренел ќе биде специјален пратеник на Трамп

Ричард Гренел и Доналд Трамп

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп најави дека ќе го назначи Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, за претседателски пратеник за специјални мисии и политика кон некои непријателски држави, вклучително и Северна Кореја.

„Рик ќе работи на некои од најжешките точки во светот, вклучително и Венецуела и Северна Кореја“, објави Трамп во саботата на својата платформа Truth Social, без детали за новите должности на Гренел, кој беше специјален пратеник на претседателот за преговорите меѓу Белград и Приштина од 2019 до 2021 година.

Извори за Ројтерс велат дека Гренел ќе се фокусира и на тензиите на Балканот.

Видете и ова: Трамп, наводно, размислува да го номинира Гренел за пратеник за војната во Украина


Гренел претходно беше амбасадор на САД во Германија, како и вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба за време на мандатот на Трамп, кој траеше од 2017 до 2021 година. По поддршката на Трамп во овогодинешната изборна кампања, тој беше еден од главните кандидати за функцијата Државен секретар на САД - функција на која, сепак, беше назначен сенаторот Марко Рубио.

Гренел се сметаше и за кандидат за специјален пратеник за војната во Украина, но таа задача му беше доделена на пензионираниот генерал Кит Келог.

Трамп официјално ќе ја преземе функцијата во јануари.