Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека 43.000 украински војници се убиени во речиси три годишната војна со Русија, јави агенцијата АФП.
„Имаше 370.000 случаи на медицинска помош за ранетите“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека „половина од ранетите војници се враќаат на бојното поле“.
Видете и ова: Зеленски, Трамп и Макрон на заедничка средба во ПаризВо рамки на обидите да обезбеди поддршка за Украина, Зеленски на 7 декември се состана со францускиот претседател Емануел Макрон и со Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) во Париз, каде светските лидери се собраа на церемонија по поводотворањето на реновираната катедрала Нотр Дам.
По средбата, Зеленски напиша на Телеграм дека во „добар и продуктивен“ разговор со Макрон и со Трамп се разговарало за ситуацијата на теренот во Украина и можноста за „праведен мир“.
„Разговаравме за нашиот народ, ситуацијата на бојното поле и праведен мир за Украина. Сите сакаме да ставиме крај на оваа војна што е можно побрзо и праведно“, напиша Зеленски на Телеграм.
Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година.