Државата предолго е соочена со распространетата корупција која не е санкционирана, и со тоа на некој начин системот создава култура на корумпираност. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната (23.09) втора седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваше амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, како и претставниците на Обединети Нации и УНДП, Рита Колумбиа и Армен Григорјан.
„Наследивме институции каде е нормално да се нудат суми во четири очи, мито, и да се корумпираат службениците или барем да се направи обид за корупција на службениците. И изненадени се кога ќе ги одбиете, кога ќе ги пријавите, кога ќе дојдат луѓе на позиции кои се некорумпирани. Ваквите неславни наследства од минатото се реликвија на една тажна реалност која мораме да ја промениме, подвлече премиерот.
Видете и ова: Мицкоски: Договорот меѓу „Хеј ДООЕЛ“ и Државна лотарија е основа за покренување кривична постапкаИ воедно, рече тој, мораме да воспоставивме мерит систем каде точката за единствениот критериум по кој ќе се напредува се способностите, стекнато знаење и квалитетот на визијата кој се нуди.
„Мора оние кои учеле, вложиле труд и стекнале знаење да ја имаат својата шанса, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека постои огромно разочарување од постапките и колективните политики изминатите 30 години. Според него системот е деградиран и премногу пати во минатото злоупотребуван, додека администрацијата во државните институции демотивирана и силно деградирана преку лоши примери кои се прикажуваа како колективна приказна во која паѓа духот и заедничкиот мотив на нацијата.
Сепак рече дека ќе посветат внимание на еден од најсериозните проблеми, корупцијата и борбата против криминалот.