Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управниот суд поврзана со мислењето на Комисијата, со кое се утврди дискриминација од страна на Советот за јавни обвинители кон обвинителката Ленче Ристоска.
„Управниот суд не може да одлучува за мислења на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, бидејќи тие не се управни акти, реагираат од КСЗД и бараат Вишиот управен суд да ја укине спорната пресуда и да ја врати на претходно одлучување на Управниот суд, со насока, да донесе решение за отфрлање на тужбата како недопуштена.
Комисијата, се вели во соопштението од КСЗД, смета дека се сторени суштествени повреди на одредбите за постапката и погрешна примена на материјалното право од страна на Управниот суд.
КСЗД упати жалба по пресуда до Управниот суд во врска со мислењето на Комисијата, со кое се утврди дискриминација од страна на Советот за јавни обвинители кон обвинителката Ленче Ристоска.
„Мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оспорувано од Антонио Јолевски не е управен акт и против него не може да се води управен спор. Управниот суд, со оваа пресуда, остава простор за креирање на противправна пракса на третирање на мислењата на Комисијата како управни акти, спротивно на Законот за управни спорови и Законот за спречување и заштита од дискриминација, се вели во реакцијата од КСЗД.
Видете и ова: Обвинителката Ристоска против системот - победи во две биткиСо мислењето, КСЗД посочува дека Комисијата не одлучува за права, обврски и правни интереси, во конкретниот случај на тужителот Антонио Јолевски, туку одлучува, дали во случајот е сторена дискриминација и дава препорака за нејзино отстранување.
Од КСЗД, исто така, посочуваат дека пресудата на Управниот суд е спротивна на принципите на Обединетите нации за статусот на Националните институции за човекови права и тела за еднаквост. Исто така, со оваа пресуда, Управниот суд не ја следи ниту сопствената практика во однос на истото правно прашање, со што создава правна несигурност.
Инаку Ристовска е првата обвинителка во земјава која јавно прозборе и му се спротивстави на Советот на обвинители кој ја дискриминираше во обидот да напредува од Основното во Вишото обвинителство.
Извинување за дискриминацијата не доби, но извојува победа во две битки. Првата битка ја доби во Комисијата за спречување на дискриминација, која утврди потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршен од страна на Советот на јавни обвинители.
Втората победа ја освои во Управниот суд, каде што поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители Антонијо Јолевски ја тужеше Комисијата за нивната одлука.