Макрон се сретна со Ле Пен под притисок да именува нов премиер

Архивска фотографија од францускиот претседател Емануел Макрон и лидерската на француската есктремна десница Марин Ле Пен

Францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на средбата со екстремната десничарка Марин Ле Пен на 26 август, додека се зголемува притисокот во јавноста тој да именува премиер по парламентарни избори во јули, јавува новинската агенција Франс Прес.

Според последните резултати на вонредните парламентарни избори во Франција, победник е левичарската алијанса Нов народен фронт и покрај тоа што очекувањата беа на првото место да заврши крајната десница на Ле Пен.

Трикратниот претседателски кандидат на екстремната десничарската партија Национален собир (РН) Ле Пен по состанокот повика на вонредна седница на парламентот за пратениците да можат веднаш да ја соборат новата влада со гласање за доверба.

„Не сакам еден премиер да има еден месец да спроведе со декрет токсична политика која би била опасна за францускиот народ“, рече Ле Пен.

Видете и ова: Екстремните десничари поразени на француските избори, но Франција останува поларизирана

Предвремените избори што ги распиша центристот Макрон минатиот месец не успеаја да ја извлечат Франција од ќор-сокакот на парламентот во кој неговиот табор управуваше со малцинска влада од 2022 година.

Наместо тоа, Националното собрание (долниот дом) е во голема мера поделено на три блока: сојузот на левичарските партии Новиот народен фронт (НФП) со над 190 места, проследено со поддржувачите на претседателот на околу 160 и екстремно десничарскиот Национален собир на 140.

Ниту еден од нив не е блиску до мнозинството од 289 во Собранието со 577 места.

Од затворањето на гласачките места во вториот круг на 7 јули, левицата се залагаше за Макрон да именува еден од нивните за премиер, велејќи дека позицијата им припаѓа како најголема сила.

Видете и ова: Атал понуди оставка, Макрон не ја прифати

Тие ја именуваа главно непознатата 37-годишна економистка и државен службеник Луси Кастес како нивен потенцијален кандидат за шеф на владата.

Макрон од своја страна го одложи поставувањето на новиот премиер, оставајќи ја преодната влада во период без преседан, бидејќи бара фигура со широка поддршка која нема веднаш да биде соборена со гласање за доверба.

Од петокот, Макрон ги покани партиските лидери на разговори во Елисеј со надеж дека ќе го најде неостварливиот кандидат за консензус.